Програма за работа
План и програма
Програмата за работа на Здружение за екологија и водни спортови АМФИБИЈА Охрид, донесена во согласност со Статутот на Здружението.
Цели на здружението
Што работиме
Амфибија е здружение на љубители на екологијата, природата и водените спортови, со посебен акцент на нуркањето и подводните активности како рекреативна и едукативна работа.
Свест за чиста околина
Зголемување на свеста на граѓаните за потребата од чиста околина и нејзиното одржување за развој на идните генерации.
Развој на водените спортови
Омасовување и развој на водените спортови, со особен акцент на нуркањето како рекреативна активност.
Еколошки акции
Организирање акции за подигнување на еколошката свест, чистење и уредување на животната средина, со акцент на водните површини во РСМ.
Размена на искуства
Поттикнување и размена на искуства, знаења и дружења меѓу членовите и пошироката заедница на нуркачи и љубители на природата.
Соработка со други здруженија
Самостојно и во соработка со други здруженија работиме на унапредување на нуркањето како рекреативна активност.
Заштапничка работа
Покренување иницијативи за донесување закони и прописи за унапредување на нуркањето и заштитата на водните екосистеми.
Промоција на нуркањето
Промоција на нуркањето како спорт преку најразлични маркетинг акции, презентации и настани.
Временски план
Активности по периоди
Распоред на активности по квартали — од промоција и подготовка, преку акции на терен, до анализа и обновување на програмата.
1. Мај – септември 2026
- Промоција на Здружението во Охрид и РСМ
- Презентација на Здружението со цел изнаоѓање спонзори
- Уредување на просториите во кои ќе функционира Здружението
- Логистичка припрема за набавка на опрема
2. Октомври – декември 2026
- Подготовка и организација за претстојни еко-акции
- Остварување контакти со сродни здруженија и асоцијации во РСМ и надвор
- Организирање презентации
- Логистичка припрема за идни иницијативи
3. Јануари – март 2027
- Организација на акции за чистење на крајбрежјето на Охридско Езеро
- Презентација на Здружението со цел изнаоѓање спонзори
- Подготовка на просториите и опремата за летната сезона
4. Април 2027
- Анализа на реализираните програмски цели
- Изготвување извештај за остварените и неостварените цели
- Изготвување програма за наредната година
- Креирање нови планови и иницијативи
Програмата стапува во сила со денот на нејзиното донесување и се применува од денот на уписот на Здружението во Централниот Регистар на Република Северна Македонија (2026-05-04).
Вклучи се
Сакаш да бидеш дел од програмата?
Без разлика дали си нуркач, волонтер, спонзор или сродна организација — има простор за соработка. Пишете ни.
Контактирај нè